Спортинг Лисабон потешко
од очекувањата се пласираше во полуфиналето од Купот на Португалија
совладувајќи го со 1-2 на гостувањето Кова Пиедаде, а двата гола за
победничкиот табор ги постигнаа фудбалери кои влегоа од клупата за резерви.
Ѕвездата на Спортинг Лисабон удри по Македонецот: Дост се испокара со Ристовски (ВИДЕО)
Токму еден од нив, Бас
Дост по крајот на средбата се испокара со нашиот Стефан Ристовски а
португалските медиуми останаа покуси за деталите од таа расправија.
По мечот,
на пресконференцијата за ова беше запрашан и Жорге Жесус, кој немо ја проследи
таа расправија откако отиде до нив на теренот, но тој се налути и тоа прашање
од новинарите го нарече „сра*е“.
Видеото од
пресконференцијата и реакцијата на Жесус – ТУКА.