Жестоко беше на дерби натпреварите во Италија, тројца од четворица тренери добија црвени картони

by
0 минути читање

Прво се играше мечот меѓу Рома и Наполи кој заврши без голови, 0-0.

Мурињо во 82. минута доби втор жолт картон, автоматски црвен и беше пратен на трибини.

Во судиското продолжение црвен доби и Лучијано Спалети.

Потоа следуваше Дербито на Италија меѓу Интер и Јувентус кое заврши 1-1.

Инзаги приговараше за досудениот пенал на Јувентус, па доби црвен картон од судијата.

Без црвен од тренерите единствено остана Масимо Алегри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани