Жестоко беше крај аут линијата, Емери на крајот не се поздрави со Чави

by
1 минути читање

Барселона со 3-1 го победи Виљареал, но каталонците не беа подобар противник. Домаќините пропуштија повеќе добри шанси, а бесни се и на неколку судиски одлуки.

Првата се случи рано, Пике играше со рака во својот шеснаесетник, а од Виљареал не можеа да сфатат како не беше досуден пенал. Емери кога на мониторот ја виде ситуацијата збесна и тензијата почна од тој момент па се до крајот.

Во текот на мечот нервозата беше видлива и на двете страни, и Емери и Чави протестираа на судиските одлуки, а на крајот тренерите не се поздравија.

По крајот на мечот камерите го уловија Чави како нервозен нешто зборува.

„Се налутив бидејќи очекував поздрав од Емери, не сфаќам зошто беше толку лут, но тоа се работи кои се случуваат и нема да обрнуваме многу внимание. Нема да ги коментирам неговите реакции на судиските одлуки“, изјави Чави по мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×