Во пресрет на
синоќешниот натпревар помеѓу Милан и Беневенто, имало жестока конфронтација
помеѓу Џиџо Донарума и група ултрас навивачи кои се појавиле пред тренинг
центарот во Миланело и барале да разговараат.
Во прв момент Џиџо
Донарума и „росонерите“ одбиле, но за да не дојде до тензии и немири, голманот
на крајот решил да излезе и да се соочи со фановите.
Како што
пренесуваат медиумите, имало жестока конфронтација и бил доставен ултиматум,
навивачите побарале Џиџо да стави потпис на нов договор во следните денови или
да не игра портив Јувентус.
Џиџо Донарума ги
одработува последните месеци од договорот и нема одговорено на понудата на
Милан за продолжување на соработката. Се верува дека голманот има понуда и од
Јувентус, па чека да види каков е исходот од пресметката на овие два клуба на
9. мај, која може да биде клучна во трката за настап во Лигата на шампиони.