Ждрепката за ЛШ го менува планот на Реал Мадрид за ангажман на Мбапе

by
1 минути читање

Договорот на Мбапе истекува по крајот на сезоната и тој веќе од јануари може да преговара со други клубови и да потпише претдоговор.

Реал Мадрид планираше брзо во новата година да го обезбеди потписот на Мбапе кој на Бернабеу треба да пристигне во летниот период како слободен играч, но ждрепката за ЛШ го менува планот.

Според „АС“, Реал Мадрид ќе почека да помине 9. март за кога е закажан реваншот, па тогаш да потпише со Мбапе.

Се верува дека кога и да потпише Реал Мадрид со Мбапе од јануари па до јуни, тој потпис ќе биде таен и официјално ќе биде објавен по завршување на сезоната, но кралскиот клуб не сака да му направи проблем на фудбалерот пред нивниот дуел во Лигата на шампионите.

Доколку Мбапе потпише за Реал Мадрид пред мечевите од ЛШ и тоа се дознае во јавноста, фудбалерот би бил под голем притисок од навивачите на ПСЖ, а кралскиот клуб не сака тоа да ѝ го направи на својата идна ѕвезда.

Исто како и „АС“ и „Л’Екип“ тврди дека поради ждрепката, Реал Мадрид дури после 9. март ќе направи конкретен чекор за да го добие потписот на Мбапе.

Во меѓувреме се очекува ПСЖ уште еднаш да притисне и да се обиде да го убеди Мбапе да потпише нов договор со нив.

Првата пресметка меѓу ПСЖ и Реал Мадрид е на 15. февруари во Париз, а реваншот е на 9. март на Бернабеу.

Овој дуел ќе биде интересен поради повеќе причини, покрај Мбапе интересно ќе биде да се види и Рамос против Реал Мадрид, но и Меси против својот довчерашен ривал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×