Ждрепка за ЛЕ: Наполи и Елмас ќе играат против Барселона!

by
1 минути читање

Сите македонски репрезентативци во Лига Европа одат на Пиринеите, тројца во Шпанија, еден во Португалија.

Најатрктивен ќе биде дуелот меѓу Барселона и Наполи, двата клуба на Марадона еден против друг во 1/16 финалето од Лига Европа. Ова ќе биде голем предизвик и за нашиот Елиф Елмас, шанса за уште една презентација пред светската фудбалска јавност.

Стефан Ристовски и Аријан Адеми исто така имаат силен противник, ќе играат против Севиља која во моментов е на второто место во Ла Лига.

Николов со Шериф кој беше пријатно изненадување во ЛШ, во 1/16 финалето од Лига Европа ќе игра против Брага.

Екипите кои завршија на првите позиции во своите групи од Лига Европа, ќе ја прескокнат 1/16 финалната фаза и ќе ги чекаат победниците од овие парови:

1/16 Лига Европа:

Севиља – Динамо Загреб

Аталанта – Олимпијакос

Лајпциг – Реал Сосиедад

Барселона – Наполи

Зенит – Бетис

Борусија Дортмунд – Глазгов Ренџерс

Шериф – Брага 

Порто – Лацио

Првите натпревари се играат на 16 февруари, реваншите се седум дена подоцна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×