„Здраво Пушкаш“ – Мурињо поздрави свој поранешен фудбалер кој се врати од повреда (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ерик Ламела заедно работеше со Мурињо во Тотнем, тој ја доби Пушкаш наградата за најубав гол за минатата година. За погодок против Арсенал, тогаш тимот на Тотнем уште го водеше Мурињо.

Ерик Ламела е и поранешен играч на Рома, па Мурињо испрати порака до него.

„Здраво Пушкаш, голем Коко. Многу сум среќен што се враќаш во игра. Ни недостасуваше и на Севиља си ѝ потребен за крајот на сезоната. Се надевам дека ќе се вратиш со сета своја сила. Знаеш дека сите ние сме на твоја страна“, изјави Мурињо.

Ламела е во аут од ноември кога заработи повреда на рамото, наскоро повторно ќе почне да игра. Тој пропушти 22 меча за Севиља отогаш до сега.

Под водство на Мурињо, Ламела одигра 54 натпревари и имаше одличен однос со португалскиот тренер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×