189
Бен Чилвел се
здоби со повреда од посериозен карактер откако му настрадаа предните вкрстени
лигаменти на мечот во Лигата на шампионите против Јувентус, каде „Сините“ од
Лондон славеа убедливо со 4-0.
По неколку
седмици анализа на повредата, медицинскиот тим на Челси донесе конечна одлука
по повредата на Чилвел, испраќајќи го на операција, а очекувањата се да се врати
на фудбалските терени дури по јули идната година.
На позицијата на
која настапува Чилвел, Тухел опција има во Маркос Алонсо, а по потреба и Калум
Хадсон Одои, а останува отворено прашањето дали Челси ќе реагира во јануарскиот
преоден рок за оваа позиција.