Заврши доминацијата на Јувентус, Интер е нов шампион на Италија

by
1 минути читање

Интер вчера си ја заврши работата откако го победи Кротоне, а денеска Аталанта не требаше да победи за тие да го заверат Скудетото, тоа и се случи. 

Аталанта одигра 1-1 на гостувањето кај Сасуоло, па по последниот свиреж на судијата Интер и официјално стана нов шампион на Италија.

Ова е 19. титула за Интер во најдобрата италијанска лига.

Голем удар денеска доживеа Наполи кој одигра 1-1 против Каљари и загуби два важни бодови во битка за местата кои водат во Лигата на шампионите.

Наполи поведед со гол на Осимен во 13. минута, Нандез во 94. минута погоди за конечни 1-1. Елмас ги одигра последните десетина минути.

Борбата за топ 4 ја продолжи и Лацио кој со 4-3 беше подобар од Џенова.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×