Заврши договорот на Ангеловски со ФФМ, ќе биде ли продолжена соработката?

by
1 минути читање

Игор Ангеловски испиша историја со македонската фудбалска репрезентација со пласманот на Европското првенство, но официјално неговиот договор со ФФМ заврши.

Договорот меѓу ФФМ и Ангеловски е со трајност до крајот на оваа година, а денешниот меч беше последниот за нас во 2020. Тој на клупата на Македонија седна во 2015 година, успеа да го убеди Горан Пандев да се врати во составот кој тогаш не беше во репрезентацијата. 

Ангеловски со тој потег направи одлична атмосфера во составот која постојано се надоградуваше, формираше една целина од фудбалери кои на Македонија и донесоа голема радост пласирајќи се на континенталниот собир.

Од ФФМ пред мечот со Грузија рекоа дека сега фокусот е на тој натпревар, а за евентуалниот нов договор ќе се размислува по мечот.

Се шпекулираше дека односите меѓу селекторот Ангеловски и ФФМ не се идеални веќе извесно време и доколку не успеевме да се пласираме на ЕП тој сигурно ќе биде сменет, но во оваа ситуација работите стојат поинаку. Фудбалерите сигурно нема да бидат среќни ако друг ги води на Европско првенство, па секоја друга одлука на ФФМ освен продолжување на соработката за Ангеловски може да предизвика гнев кај нив.

Јасно е дека Ангеловски заслужува нов договор, во најмала рака да ја води репрезентацијата на Европско првенство, но двете страни допрва треба да седнат на маса и да си подадат рака за продолжување на соработката.

Фото: ФФМ – Игор Паневски

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани