Заврши суспензијата на Пол Погба, но каде ќе заигра?

by 24 фудбал
1 минути читање

Суспензијата на Пол Погба и официјално помина, па тој може да се врати на професионалниот фудбал.

Французинот доби четиригодишна суспензија поради позитивен тест на тестостерон во септември 2023 година по мечот на Јувентус и Удинезе. Првичната одлука на анти-допинг телата потоа беше намалена со помош на Судот за спортска арбитража во Лозана. Суспензијата на Погба беше смалена на 18 месеци и од денес таа официјално истече.

Сепак, во меѓувреме Погба остана без договор со Јувентус и треба да си најде нов клуб.

Интерес за него од „кремот“ на Европа моментално нема. Можеби Пол Погба може да заигра за некој од послабите клубови во најсилните пет лиги, меѓутоа постојат и опции за преселба од Европа.

Можни дестинации за Погба исто така се МЛС лигата и Саудиска Арабија од каде што постои интерес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани