„Затоа имаме големи плати!“ – Гвардиола испрати порака до Солшер

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед утре го пречекува Манчестер Сити, а атмсоферата на Олд Трафорд не е
добра откако „ѓаволите“ во вторникот загубија на гостувањето кај РБ Лајпциг и
беа елиминирани од Лигата на шампиони.

Пристигнуваат
критики на адреса на Оле Гунар Солшер, се шпекулира за негов отказ, па Пеп
Гвардиола беше запрашан дали има совет за својот колега.

„Затоа имаме
големи плати, да се справуваме со вакви ситуации“
– вели тренерот на Манчестер
Сити на сугестијат од новинарот дека животот на тренерите е како брза железница.

„Најважно е да знаете
колку вреди Солшер, и нема никаков сомнеж по ова прашање. Не треба да му дадам
поддршка, тој е силен, знае каква е оваа работа“.

„Кога победуваме,
сите велат дека сме генијалци. Но кога губиме, веднаш не бркаат. Вкави работи
не се случуваат само во Манчестер јунајтед, се случуваат во сите клубови. Таква
е реалноста“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани