Затоа е далеку пред другите: Кулушевски открива што му кажал Кристијано Роналдо на 2-0

by
1 минути читање

ЦР7, заедно со
Лео Меси, е најдобар фудбалер на денешницата и еден од најдобарите во
историјата. Португалецот и на 35 години продолжува да игра на врвно ниво, но ништо
не е случјано. Покрај тоа што до детаљ внимава на својата физичка подготвеност,
Кристијано Роналдо има и голем победнички менталитет.

Дејан Кулушевски
открива разговор со Кристијано Роналдо при водство од 2-0 на Јувентус против
Сампдорија во финишот од мечот. Иако било јасно дека Јувентус ќе победи, ЦР7 бил гладен за голови и барал
од Македонецот да продолжи да притиска и да напаѓа.

„Кристијано е фантастичен,
имам среќа што го имам за соиграч. Кога водевме со 2-0, постојано ми велеше да
продолжам да притискам, да продолжам да напаѓам, беше гладен за голови, сакаше да
падне нов гол“
– рече Кулушевски по крајот на натпреварот.

Ваквиот пристап
вроди со плод, во последните минути од средбата, Роналдо доби топка во фор од
Ремзи и погоди за 3-0.

Дејан Кулушевски,
кој го отвори резултатот во 13. минута, додава: „Извонредна вечер. Не беше
лесно но освоивме три бода. Мило ми е што постигнав гол уште на првиот
натпревар, повеќе нема да му ја мислам кога ќе пристигне мојот деби погодок“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани