Застрашувачка сцена: Авиони прелетаа премногу блиску до стадион додека се играше натпревар (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Прелетот на два патнички авиони над стадион во Кејптаун предизвика голема загриженост кај присутната публика и јавноста.

Авионите од типот „Ембраер Е190“ на компанијата „Ерлинк“ го надлетале спортскиот објект во рамки на промотивна програма, додека во тек беше дуелот меѓу репрезентациите на Јужна Африка и Нов Зеланд. Снимките кои се појавија на социјалните мрежи предизвикаа бројни реакции поради близината на која авионите прелетале над преполните трибини.

Наводно, еден од авионите се наоѓал на само 15 метри над нивото на стадионот, кој е висок 50 метри, па публиката на горниот прстен веројатно доживеала вистински шок. Авионот прелетал и низ зоната во која биле испалувани пиротехнички ефекти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×