59
19-годишниот Николо Заниоло стана најмладиот италијански фудбалер кој постигнал два гола на еден натпревар во Лигата на шампионите.
Со два негови погодоци Рома дојде во водство против Порто од 2-0, но Порто успеа да намали за неизвесен реванш.
„Ова беше неверојатна ноќ, немам зборови, никогаш не очекував нешто вакво“, вели Заниоло по мечот.
„Работев напорно вечерва, но среќен сум поради победата за тимот. Славењето на погодокот пред ултрас навивачите е неверојатно чувство. Не можам да го опшам тоа. Се надевам дека за нив ќе постигнам уште многу голови“.
„Во реваншот во Порто треба да одиграме како и денес, да не му дозволиме на противникот да создаде многу шанси за гол“.