Синоќа излегоа шпекулации дека Наполи се приклучува во трката по Заниоло за кој интерес има и од Јувентус.
„Обично преферирам да бидам во сенка, не сакам да интервенирам за пишувањата поврзани со иднината на Заниоло, но кога ги слушнав овие вести…“, вели Галасо.
„Шансите Заниоло да оди во Наполи се нула проценти. Вестите се ѓубре. На Заниоло му е добро во Рома и негов приоритет е да остане тука“.
За интересот од другите големи клубови, Галасо рече: „Па, тоа не е ништо ново. Сите знаеме дека Јувентус се интересира за него. Но тоа не значи дека тој ќе замине“.
„Ќе повторам. На Заниоло му е добро во Рома, сака да игра за клубот и најде голем фан и ментор во Мурињо. Досега не разгледувал опции за заминување во друг клуб“.
„Не разбирам зошто секогаш кога нема да игра од почеток на мечот некои измислуваат приказни за него дека е во војна со Мурињо или раководството. Момчето е повредено“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.