732
Јувентус неколку пати во минатото се обиде да дојде до потписот на Заниоло, но тоа никогаш не им успеа. Според „Тутоспорт“ тие се подготвени да направат нов обид во летниот преоден рок.
Но, според торинскиот весник треба да се исполнат два услова за тоа да се случи. Прво Јувентус да се пласира во Лигата на шампионите, а второ да продадат некој офанзивен играч за врска, веројатно Вестон Мекени.
За Мекени има интерес од неколку клубови од Премиерлигата, но не се исклучува ниту можноста Јувентус да го понуди Американецот на Рома како дел од трансферот на Заниоло.