Интер, како и
многу клубови ширум Европа, е во финансиски потешкотии поради пандемијата на
ковид-19. Неопходно е кратење на трошоците, па претседателот Стивен Жанг денеска се појавил во тренинг центарот и одржал состанок со фудбалерите.
Медиумите од
Италија пренесуваат дека првиот човек на клубот побарал од играчите да се
откажат од платите за ноември и декември со што „нероаѕурите“ би заштедиле
околу 25 милиони евра (ова е бруто сумата за платите за овие два месеци).
Сега играчите се
на потег, и доколку одговорот е негативен, Интер ќе пристапи на планот Б.
Индивидуално ќе се разговара со секој фудбалер да се направи модификација на
договорите, односно платите за овие два месеци да бидат исплатени во иднина,
кога финансиската состојба ќе биде подобра.