Жалбата на Робињо одбиена, потврдена казната од 9 години затвор за силување

by
1 минути читање

Бразилецот во
2017 беше осуден на девет години затвор, тој заедно со уште пет лица силувале 22
годишна Албанка во познат ноќен клуб во Милано.

Робињо поднесе
жалба, неговиот тим адвокати на 65 страни подготвиле одбрана пред апелациониот
суд во Милано, но нивното барање е отфрлено и казната од девет години затвор е
потврдена.

На девет години
затвор е осуден и неговиот пријател Рикардо Фалко, додека четири други лица се
уште не се идентификувани и за нив понатаму се води истрага.

Пресудата на апелацониот
суд не значи дека Робињо ќе заврши зад решетки, фудбалерот може да поднесе нова
жалба.

Бразилецот
неодамна потпиша за Сантош и требаше да се врати во клубот каде ја започна
кариерата, но медиумите извршија притисок поради скандалот со силувањето, па
клубот беше принуден да ја раскине соработката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×