Кристијано
Роналдо можеби е најпознатиот Португалец, но локалните власти не сакаат да му
прогледаат низ присти. ЦР7 добил рок до март 2022 да урне доградба и тениско
игралиште во својата луксузна вила вредна речиси 3 милиони евра во околината на
Жереш, на северот од Португалија.
„Кристијано
Роналдо ни презентираше проект кој побара да биде одобрен и изгради имот за кој
дадовме дозвола. Но исто така градел и надвор од дозволата, не се работи за
нешто големо, но е нелегално“ – вели градоначалникот Мануел Тибо.
Ова не е прв пат
Кристијано Роналдо да добие наредба за рушење, фудбалерот на Манчестер јунајтед претходно имаше проблеми со пентхаусот кој го купи во Лисабон за околу 7 милиони
евра, напаѓачот тогаш без дозвола реши да го уреди кровот по свој мерак.