147
Вардар ја забележа втората победа на подготовките во Раденци, Словенија откако денеска со 1-0 го совлада романскиот Рапид Букурешт.
Клучниот момент се случи уште во осмата минута кога Закариќ со одличен удар од десната страна го матираше голманот Столц.
Претходно Вардар на овие подготовки го победи Будуќност со 3-0 и загуби со 2-0 од Олимпија Љубљана.
До крајот на престојот во Словенија, Вардар треба да одигра и пријателски меч со Марибор.
Враќањето е планирано за 3 јули, првиот официјален меч е на 10 јули во квалификациите од Конференциската лига против Ла Фиорита (Сан Марино) во Скопје.