Закањи ја реши Џенова, па му ги чистеше копачките на Луис Алберто (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Андриј Шевченко
во вторникот ја забележа првата победа на клупата на Џенова, популарните
„рособлу“ славеа против Салернитана во Купот на Италија.

Сепак, вечерва
Џенова им се врати на поразите во Серија А, загуби на гостувањето кај Лацио.

Резултатот беше
отворен во 36. минута, дефанзивата на гостите загуби топка во опасната зона а
Андерсон несебично го проигра Педро за 1-0.

Ачерби скокна
највиско по еден корнер во 75. минута и зголеми на 2-0, за неколку минути
подоцна Закањи да ги реши сите дилеми. Луис Алберто атрактивно асистираше, па
откако Италијанецот го прослави голот, клекна на колено и ги чистеше копачките
на Шпанецот.

До крајот на
натпреварот, Мелегони само постигна почисен гол за Џенова и ги постави
конечните 3-1.

Горан Пандев беше
стартер против својот поранешен клуб, на теренот помина еден час и во второто
полувреме се најде во полу-шанса, биеше од врвот на шеснаесетникот но ударот
беше слаб и по средината од голот, па не го стави на мака Стракоша.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани