Репрезентативецот
на БСК беше последното засилувањеа на Сер Алекс Фергусон, но никогаш не заигра
под водство на Шкотот. Кога Вилфред Заха пристигна на Олд Трафорд, на кормилото
на Манчестер јунајтед беше Дејвид Мојс.
Напаѓачот важеше
за еден од најголемите таленти во својата генерација, но не доби многу прилики
за докажување, на прсти се бројат натпреварите во дресот на „ѓаволите“ и по
само шест месеци беше испратен на позајмица во Кардиф, а потоа и продаден на Кристал
Палас.
Имаше многу
теории зошто Вилфред Заха не добил шанса, одредени шпекулации велеа дека спиел
со ќерката на Дејвид Мојс, па затоа бил во немилост кај тренерот.
„Беше стресно.
Имав 19 години, сам живеев во Манчестер и по враќањето од турнејата не добивав
минутажа. Немаше причини зошто да не играм, па луѓето почнаа да измислуваат
секакви работи. Се шекулираше дека сум спиел со ќерката на Дејвид Мојс“ – му раскажува
Вилфред Заха на Рио Фердинанд.
„Се велев, „Какви се овие глупости!“ Како да не беше доволно тоа што не
играв, што немав помош од семејството, па уште и вакви шпекулации. Бев тренд на
Твитер, луѓето пишуваа, „Како може да биде толку добар на турнејата, а сега не
да игра, мора да има нешто, сигурно спиел со ќерката на тренерот“. И тоа траеше
подолго време, мојот Твитер профил експлодираше. Не знаев што да правам, немав
со кого да разговарам, никој од клубот не ми кажа нешто“.
„Работите излегуваа од контрола,
морав да кажам нешто, па напишав нешто како „Глупави шпекулации“ и клубот
веднаш ме прекори, ми кажаа дека не сум требал да направам нешто такво. Останав
зачуден бидејќи ми беше тешко, луѓето велат дека не играм бидејќи сум спиел со
ќерката на тренерот и наместо помош од клубот, има молк. Сметав дека кога тогаш
Дејвид Мојс ќе сака да разговара со мене бидејќи предолго се шпекулираше, но ниту
тоа не се случи“.
„Најсмешно е тоа што и ден денес има луѓе кои мислат дека сум спиел со
ќерката на Мојас, а јас никогаш не сум ја сретнал“.