Веќе пишувавме за тоа
дека на нашиот 22 годишен репрезентативец и член на шпанскиот прволигаш Леванте
му се заканува суспензија за последниот меч во оваа календарска година, дуелот
пред своја публика против Легањес кој е од исклучително значење во битката за
опстанок во елитата на Шпанија. До тоа би дошло, доколку во петок против Севилја заработи жолт картон.
Сепак, пристигнаа многу
позагрижувачки вести за нашиот репрезентативец, тој се здобил со повреда, а се
поизвесно е дека шефот на стручниот штаб на тимот од Валенсија, Хуан Муњиз не
сака да ризикува со него.
„Ја следиме ситуацијата
со Барди, внимателни сме и ќе ги проследиме сите медицински анализи во однос на
неговата повреда, не би сакал да ризикувам со него“ изјави Муњиз.
Барди се пожалил на
повреда за време на тренинг на Леванте, и не бил во можност да ги реализира
барањата на Муњиз за време на тренажниот процес. Нашиот фудбалер повредата ја
стекна на дуелот против Атлетик Билбао, од тогаш па наваму редовно е на
физиотерапевтски третмани, пишуваат медиумите во Шпанија.
Извор: /futbolistos.es