Пауло Дибала за
момент го „спаси“ својот тренер Андреа Пирло за кого се шпекулираше дека ќе
добие отказ од клупата на Јувентус доколку актуелниот бранител на титулата во
Серија А доживее пораз на дербито со Наполи.
Јувентус го доби
дербито со 2-1, а херој во победата на домаќините беше Пауло Дибала, кој доби
прилика за настап во 69 минута, за четири минути подоцна да го постигне и голот
за победа, а во Италија пишуваат и за неговиот начин на прослава на погодокот.
Се верува дека
Дибала прослави на ист начин како во периодот кога се шпекулираше дека ќе си
замине од Јувентус, се работи за 2019 година кога засилени беа шпекулациите за
такво сценарио, меѓутоа на крајот Аргентинецот остана во Торино.
Дибала прослави
на идентичен начин како по голот во пријателскиот меч против Триестина во 2019
година, кога се шпекулираше дека е близу трансфер во Манчестер јунајтед, за што
наводно самиот одбил, а вчера по голот го стори истото како и претходно, ја
стави раката на знакот на Јувентус на самиот дрес.