Заборавената ѕвезда на Барселона опција за Челси уште во јануари

by 24 фудбал
1 минути читање

Челси подготвува вистинска бомба на трансфер пазарот. Според „Скај Спортс“, светскиот клупски шампион размислува да го ангажира Марк Андре тер Штеген од Барселона.

Лондонскиот клуб бара искусно решение меѓу стативите, а Германецот се гледа како идеален избор. Тер Штеген го загуби статусот на прв голман во Барса, особено по ангажманот на Жоан Гарсија за 25 милиони евра, што создаде тензии во клубот и го отвори прашањето за неговата иднина.

Дополнителен проблем беше операцијата на грбот и начинот на кој тој ја соопшти повредата без претходно да го информира медицинскиот тим. За кратко му беше одземена и капитенската лента, а односите со клубот останаа нарушени.

Челси гледа шанса да го доведе голманот кој би ја зацврстил најслабата позиција во тимот што посебно се покажа на дуелот со Манчестер Јунајтед. Германецот уште оваа зима би можел да пресели на „Стенфорд Бриџ“ ако сите страни постигнат договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×