Лионел Меси доби
препорака да ја напушти „тажната ситуација“ во Барселона и да му се приклучи на
Манчестер Сити, а таков совет Аргентинецот доби од својот сонародник Пабло
Забалета, инаку екс член на „Граѓаните“.
Неизвесно е што
ќе се случи со 33 годишниот Меси во јануарскиот преоден рок, односно по крајот
на актуелната сезона, а се верува дека Манчестер Сити и нивниот тренер Пеп
Гвардиола се најзагреани да го видат во своите редови фудбалерот кој влезе во
финалната година од договорот со Каталонците.
„Манчестер Сити е
најдоброто место за Меси“ рече Забалета.
„Тажно е да го
гледам него во една таква ситуација во каква што се наоѓа во моментов, никогаш
не ни помислив дека ќе дојде време кога ќе поминува низ последната година од
договорот со Барселона“ додаде поранешниот дефанзивец на Манчестер Сити.
„Тимот не игра на
посакуваното ниво, се чини дека воопшто не уживаат во фудбалската игра на
теренот, ќе видиме што ќе се случи со Меси на крајот од сезоната“ заклучи
Забалета.