92
Португалските
медиуми веќе објавија дека повеќе нема место за македонскиот бек Стефан
Ристовски во составот на Спортинг Лисабон, каде тренерот Рубен Аморим веќе ја „затворил
вратата“ за нашиот репрезентативец.
Останува нашиот
репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок да си пронајде нов клуб, а
дотогаш извесно е дека ќе остане во „Б“ тимот на Спортинг Лисабон, кој од друга
страна сигурно дека нема лесно да се откаже од неговите услуги.
Ќе потсетиме дека Ристовски имаше речиси договорен
трансфер во руски Динамо Москва, меѓутоа на крајот се реши да остане во
редовите на Спортинг Лисабон, а се шпекулираше дека сумата која португалскиот
прволигаш ја бара за Македонецот изнесува 3 милиони евра.