517
Сиот фудбалски
свет го виде потегот на првата ѕвезда на Португалија, Кристијано Роналдо кој за
време на пресконференција одлучи да го тргне шишенцето со „Кока Кола“, а порача
наместо тој пијалок, да се пие вода, а по него следеше идентична реакција на
Французинот Пол Погба кој тргна пиво.
На сево ова, на
социјалните мрежи реагираше фудбалерот на Каљари, Раџа Нианголан кој стави
јасно дознаење дека не му пречи ниту еден пијалок, па ја насмеа јавноста.