За првпат италијански голман ќе брани во ПМФЛ!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Струга Трим Лум го доведе првото засилување за новата сезона и тоа е италијанскиот голман Марко Анџелети.

Станува збор за 24 годишен чувар на мрежата кој пристигнува да ја засили конкуренцијата на голот на Стружани.

Анџелети е голман кој кариерата ја започна во Специја каде што ги помина сите младински категории, но не доби шанса во првиот тим. Во сениорскиот фудбал дебитираше на коглот на Понтедера.

Подоцна го носел дресот на уште неколку италијански нисколигаши за минатото лето да направи трансфер во Гибралтар, сега се враќа во Европа.

Анџелети ќе биде првиот италијански голман кој ќе брани во Македонија и вкупно петти. Договорот кој го потпиша е со важност до 2027 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×