196
Жозе Мурињо пред
две недели доби отказ од Тотнем, но очигледно нема долго да седи без работа.
„Специјалниот“ си најде дури три тезги за летово и ќе биде прилично активен за
време на Европското првенство.
Португалецот
прифатил да биде стручен коментатор за ТокСпорт на ЕВРО 2020, ќе дава мислења, анализи и
критики за трите натпревари на Англија од групата, ќе одработи еден меч од
осминафиналето, два од четвртфиналето, еден од полуфиналети а ќе го работи и
финалето.
Ова нема да биде
неговиот единствен ангажман, тој ќе пишува колумни за весниците Сан и Тајмс,
како и Сандеј Тајмс.