145
Хитон за Манчестер јунајтед потпиша во 2002 година, по три години поминати во младинскиот тим на црвените-ѓаволи, беше прекомандуван во сениорите.
Од 2005 до 2010 година беше праќан на позајмици, а потоа замина од Манчестер јунајтед и потпиша за Кардиф, бранеше и за Бристол Сити, Барнли и Астон Вила.
Минатото лето се врати во Манчестер јунајтед и прифати да биде трет голман.
Вчера во 68. минута Рангник го внесе во игра на местото од Хендерсон, тоа беше прв настап на Хитон во серниорскиот тим на Манчестер јунајтед.
Потпиша за клубот кога имаше 16 години, а дебитираше на 35!