Златан
Ибрахимовиќ игра во одлична форма, за него годините се само бројка, а од
неговите перформанси огромен бенефит сезонава има и самиот Милан, кој инаку е
лидер во Серија А по девет одиграни кола.
Швеѓанецот
разговараше со поранешниот фудбалер на Милан, Масимо Амбросини за „Скај Спорт
Италија“, а се произнесе околу две интересни теми, првично наведувајќи дека
предизвикот во Милан е сосема идентичен од тој што го имал во Манчестер
јунајтед, а обзнани за јавноста како остана во Милано, каде посебно го наведе
Пиоли, иако првично сакал да си замине летото.
„Местово го
чувствувам како свој дом, немам некоја потреба да се вратам од своите работни
обврски во својот дом, бидејќи ова е мојот дом“ вели Ибрахимовиќ.
„Кога се вратив
во Милан, се чувствував во идентична ситуација како таа во Манчестер јунајтед,
кога сите тврдеа дека темпото во Премиерлигата е преголем залак за мене, а јас
го сторив токму спротивното од тоа што го тврдеа сите останати“ додаде
Швеѓанецот кој притоа се наврати и на причините поради кои се врати во Милан,
каде го посочи тренерот Стефано Пиоли.
„Му реков дека
еден ден ќе се повлечам, помислив на жртвувањето на моето семејство во Шведска,
а тој ми рече дека го почитува тоа, како и да е, наредниот
ден тој ми се јави и ми рече дека ќе ми дозволи да си заминам по лесен пат, но,
доколку го сторам тоа, треба да имам на ум дека Милан ќе биде еден сосема поинаков тим“ открива
популарниот Ибра.
„Потоа заминав на
одмор, а за момент помислив на тоа колку овој момент е фасцинантен и еден
посебен предизвик за мене, не сакав да ги оставам копачките и да жалам за таа
одлука, така му се јавив на Мино Рајола и му реков да постигне договор“ заклучи
Швеѓанецот кој признава дека првично имал интенција да си замине од редовите на
„Росонерите“, меѓутоа на крајот се предомислил, за што го известил и својот
агент.