За 20 минути на дебито за Атлетико Мадрид, Суарез даде два гола и имаше асистенција! (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Луис Суарез имаше перфектно деби за Атлетико Мадрид иако одигра само 20 минути.

Атлетико Мадрид уште во деветата минута поведе со 1-0 со гол на Диего Коста, а седум минути подоцна Саул Нигез промаши пенал.

По две минути игра во второто полувреме Кореа реализираше за 2-0, а Жоао Феликс во 65. минута даде гол за 3-0.

Во 70. минута влезе Луис Суарез и го почна своето шоу. Му требаа само две минути за да остави впечаток, му асистираше на Љоренте за 4-0, а потоа постигна два гола за конечна победа од 6-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×