Медиумите од Италија пренесуваат дека Сержо Консеисао многу брзо може да добеи отказ, проблем е негативната и нервозна атмосфера која е креирана околу тимот.
Сержо Консеисао ја започна авантурата во Милан со два големи пресврти и трофеј во Суперкупот на Италија, но стратегот може многу брзо да добие отказ.
Поразот од Динамо Загреб ги внесе „росонерите“ во нова криза и го разниша столчето на Португалецот.
Како што пренесуваат медиумите од Италија, главен проблем е негативната и нервозна атмосфера која е креирана околу тимот, и причина за ова е остриот и цврст став на Сержо Консеисао.
Португалецот имаше жестока расправија со капитенот Давиде Калабрија по крајот на натпреварот против Парма, и малку фалеше да дојде до физичка пресметка.
Се пишува дека и Алваро Мората имал расправија со Сержо Консеисао на полувремето против Динамо Загреб, на Шпанецот не му се допаѓаат методите на стратегот, па затоа и побарал да замине и сега е пред трансфер во Галатасарај.
Напаѓачот не е единствениот кој го кренал гласот, има уште неколку фудбалери, па вчера раководството на клубот разговарало со целиот тим и тренерот.
Останува да се види каква ќе биде ситуацијата во следниот период, одредени извори пренесуваат дека пораз од Интар овој викенд може да значи отказ за Сержо Консеисао.