Врие во Манчестер јунајтед по срамниот пораз од Евертон, Солскјер половина час им држел лекција, играчите меѓусебно се обвинувале

by
1 минути читање

Оле Гунар
Солскјер го преживува најтешкиот период откако го превзеде кормилото на
Манчестер јунајтед. „Ѓаволите“ имаат шест порази на последните осум меча и во
неделата беа понижени на гостувањето кај Евертон каде загубија со 0-4.

Според пишувањата
на Дејли Мејл, Норвежанецот го задржал тимот повеќе од половина час во
соблекувалната на „Гудисон парк“ и им држел лекција. Играчите потоа почнале меѓусебно да се обвинуваат и да вперуваат прсти.
Расправијата била жолчна, повишен тон можел да се слушне во поттрибинскиот
простор и како играчите меѓусебно се караат.

Тензично било и
следниот ден во тренинг комплексот на Манчестер јунајтед во Карингтон. Оле
Гунар Солскјер ги собрал играчите на средба и еден час правел видео анализа на
капитулацијата која им се случила. Дури и лидерите на Манчестер клубот имале
што да им кажат на играчите.

Инсајдер за Дејли
Мејл вели дека ситуацијата и атмосферата сега е иста каква што била во
последните месеци од режимот на Жозе Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани