Врие во Ливерпул: Мане одби да се поздрави со Клоп! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Црвените“ си ги
задржаа шансите за настап во Лигата на шампиони откако синоќа со 2-4 триумфираа
на гости кај Манчестер јунајтед. Ова беше прва победа на Ливерпул на Олд Трафорд
по 2014 но не сите го славеа успехот.

Садио Мане покажа
незадоволство, Сенегалецот дури и одби да се поздрави со Јирген Клоп.

Кога судијата
означи крај, тренерот на Ливерпул се упати кон центарот за да се поздрави со
своите но и со противничките играчи. Германецот му подаде рака на Садио Мане,
но напаѓачот реши да го игнорира и продолжи да си оди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани