Дербито на Милано
заврши со многу возбуда и без победник. Интер поведе во 11. минута, Чалханоглу
од пенал погоди за 0-1, но водството кратко траеше, Де Врај во 17. минута си ја
затресе сопствената мрежа за 1-1.
Гостите добија
нова прилика за предност во 27. минута кога Дармијан беше соборен во
шеснаесетникот, Мартинез овој пат ја превзеде одговорноста но Аргентинецот не
успеа да реализира од белата точка.
Во финишот од
првото полувреме, Интер креираше нови шанси за гол, Бало Туре на гол линијата
го спречи Никола Барела, а Лаутаро Мартинез за малку не беше прецизен.
„Нероаѕурите“
продолжија да притискаат во вториот дел, најдобрата прилика ја имаше Видал, но
неговите два обиди беа изблокирани.
Во завршните 15
минути, Интер како да остана без сила, Милан почна да граби напред и во неколку
наврати се закани сериозно. Најблиску до гол беше Саламекаерс, но неговиот удар
во 90. минута заврши во стативата.