Одличен старт на Боксинг деј, Лестер и Манчестер јунајтед одиграа возбудливо реми со четири погодоци. Гостите двапати водеа но не успеаа да ги освојат трите бода и да го израмнат рекордот на Челси во најмногу последователни гостински победи кој изнесува 11.
Натпреварот одлично почна за Јунајтед, по убава асистенција од Фернандеш, Рашфорд во 23. минута постигна гол за водсдтво од 1-0.
Но предноста не траеше долго, осум минути подоцна Барнс со силен удар од далечина го изедначи резултатот на 1-1.
Во 79. минута Кавани го проигра Бруно Фернандеш кој сега ја имаше улогата на стрелец за ново водство на Манчестер јунајтед.
Но и второто израмнување беше брзо, Варди на пет минути до крајот погоди за конечни 2-2.