263
„Телеграф“
известува дека фудбалерите на Манчестер Сити се возбудени што ќе имаат прилика
во својата кариера да играат заедно со Кристијано Роналдо во ист тим.
36 годишниот
Португалец е пред трансфер во редовите на „Граѓаните“ откако јасно им ставил
дознаење во Јувентус дека сака да си замине од италијанскиот прволигаш, а
наводно веќе ги договорил личните услови со англискиот првак.
Додека траа
шпекулациите во поглед на иднината на Роналдо, а се уште нема ништо официјално,
сето тоа не ги сопрело фудбалерите на „Граѓаните“ да влезат во голема дискусија
околу можноста да играат со петкратниот освојувач на „Златната топка“, за што
тврди „Телеграф“.