Поранешниот напаѓач на Арсенал, Тео Волкот препорача тројца напаѓачи со кои „топчиите“ ќе се издигнат на потребното ниво за триумф во Премиерлигата.
Арсенал во само неколку дена направи огромен чекор назад во битката за титулата, „топчиите“ кикснаа против Вест Хем и Нотингем Форест, во исто време Ливерпул доби тешки натпревари против Манчестер Сити и Њукасл, па „црвените“ сега имаат +13 на врвот на табелата.
Поранешниот напаѓач на „топчиите“, Тео Волкот го советува клубот од Северен Лондон да донесе три засилувања со кои ќе се издигнат на потребното ниво за триумф во Премиерлигата.
Англичанецот смета дека Арсенал летоска треба да ги ангажира Александер Исак од Њукасл, Брајан Мбеумо од Брентфорд и Калум Хадсон Одои од Нотингем Форест, и со тоа да ги решат проблемите во нападот.