Војна на зборови помеѓу Ванда и Капело поради контроверзните фотографии на Икарди (ФОТО)

by
2 минути читање

Сопругата а
воедно и агент на напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, Ванда Нара возврати на
коментарите на Фабио Капело и на некој начин влегоа во војна на зборови откако
искусниот тренер ги коментираше последните контроверзни фотографии со својата
сопруга.

Капело говорејќи
за Скај Италија посочи дека никогаш немал фудбалер во тим кој тој го предводел
а правел такво нешто, на што веднаш доби одговор од Ванда.

Јас никогаш не
сум имал фудбалер кој правел такви работи, во мои услови, не би знаел како тој
би влегол успешно во соблекувална на тим кој би го предводел јас
“ рече Капело.

Драг Фабио
Капело, како тренер ја имаш мојата почит, но, како коментатор или колумнист, би
можела да те потсетам на некои од твоите најдобри фудбалери кои успеале да
влезат во твојата соблекувална правејќи вакви работи, пред 10 години тие можеле
да прават нешто чудно, сега не!
“ напиша Ванда на Твитер.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

Caro Fabio Capello, come allenatore
ha tutta la mia stima, ma di opinionista ad opinionista.. ti ricordo qualche
giocatore Top che è riuscito ad entrare nel tuo spogliatoio facendo “queste
cose” .. 10 anni fa potevano avere qualcosa di strano, OGGI NO! pic.twitter.com/9N3d72bgCI


wan (@wandaicardi27) May
6, 2019

Одговорот на
Ванда најмногу се однесуваше на Дејвид Бекам како пример, кој ја освои Лигата
на шампионите во 1999. година со Манчестер јунајтед, како и Премиерлигата со
истата екипа, тој беше под кормилото на Капело во Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани