Андер Ерера реши да се врати таму каде што ги направи првите фудбалски чекори. Поранешниот играч на Атлетик Билбао и Манчестер јунајтед повторно ќе го облече дресот на Сарагоса, клубот во кој ја започна својата професионална кариера.
Шпанскиот фудбалер беше дел од Сарагоса од 2001 до 2011 година, по што замина во Атлетик Билбао. Во продолжението на кариерата настапуваше и за Манчестер јунајтед, ПСЖ, повторно за Билбао, а последен клуб му беше аргентинската Бока Јуниорс.
Иако има 37 години, Ерера се согласил на симболична плата од 25.000 евра, но целиот износ ќе го донира назад во клубот. Тоа значи дека искусниот фудбалер практично ќе настапува без финансиски надомест.
Дебито на Ерера во неговиот матичен клуб се очекува веќе во недела, кога Сарагоса ќе гостува кај Химнастик.