Во животот треба да бидете Дивок Ориги: Бесплатниот трансфер го чинеше Милан – многу!

by 24 фудбал
1 минути читање

Белгискиот напаѓач Дивок Ориги пристигна во таборот на Милан во 2022 година и се очекуваше да биде солидно засилување, особено бидејќи дојде од Ливерпул по истекот на договорот.

Иако изгледаше дека трансферот е бесплатен (реално беше), сепак „росонерите“ сериозно се потрошија за Ориги. За четири години од неговиот договор Милан ќе потроши вкупно 30 милиони евра.

Платата на Дивок Ориги по сезона е четири милиони евра, а за четири треба да добие околу 16. Кога на тоа ќе се додадат високите даноци за странци во Италија, јасно е дека Милан сериозно „изгоре“ со овој потпис.

Особено проблематично е тоа што Ориги целосно потфрли во Милано. Тој само во првата сезона одигра 36 натпревари, главно како резервист и даде само два гола. Потоа беше позајмен во Нотингем Форест, ама откако се врати целосно е надвор од тимот.

Кратко Ориги беше дел од Милан Футуро, меѓутоа ниту таму повеќе нема место за него. Според инофрмациите, Белгиецот тренира индивидуално во Фиренца, не сака да замине и има во план да го доседи договорот со Милан кој важи до јуни 2026 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани