Во возбудлив меч со шест гола, Манчестер јунајтед го победи Лидс (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Резултатот го отвори Мегваер во 34. минута со гол со глава по еден корнер изведен од Шо.

Во судиското продолжение од првото полувреме и Бруно Фернандеш даде гол со глава за водство на Јунајтед од 2-0.

Но брзо во второто полувреме следуваше шок за Манчестер јунајтед, Родриго во 53. минута намали на 2-1, а во следниот напад Рафиња погоди за 2-2. За една минута Де Хеа двапати ја вадеше топката од мрежата.

На крајот сепак Јунајтед победи, Фред во 70. минута го врати водството, а Еланга пред самиот крај погоди за победа од 4-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×