Во Вест Хем не кријат дека и натаму го посакуваат Лингард

by
1 минути читање

Во Вест Хем се
уште се надеваат дека можат да го реализираат посакуваниот трансфер на Џеси
Лингард, кој во една полусезона како позајмен за „Чеканите“ блесна со девет
погодоци и пет асистенции на 16 настапи.

Како и да е, 28
годишниот фудбалер веќе се врати во стројот на Манчестер јунајтед, но од
таборот на Вест Хем и натаму прават напори да го обезбедат неговиот потпис, за
што сведочи и изјавата на тренерот од стручниот штаб на Дејвид Мојс, Стјуарт
Пирс.

Ние би сакале да
ни се придружи во тимот, тоа е јавна тајна, Лингард беше неверојатен ланската
сезона
“ рече Пирс во изјавата за „ТолкСпорт“.

Топката е во
рацете на Манчестер јунајтед, тој е нивни фудбалер, а ние посакуваме да е со
нас, нема дилеми по тоа прашање
“ додаде тој.

Лингард е
специјално момче, многу добар со останатите соиграчи, сите тие имаат убаво
мислење за него, сепак, никогаш не може да се знае, а во овие моменти тој се
бори за место во тимот на Манчестер јунајтед
“ заклучи Пирс. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×