Во Шпанија немаа милост: Голманот кој нокаутираше фудбалер доби жестока казна!

by Стефан
1 минути читање

Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација официјално соопшти дека голманот на Реал Сарагоса, Естебан Андрада, е казнет со дури 13 натпревари суспензија.

Аргентинскиот чувар на мрежата во натпреварот против Уеска во кој веќе имаше еден жолт картон протестираше кај главниот Дамасо Арседијано Монескиљо незадоволен од неговата одлука. Андрада бараше преку ВАР да се провери црвениот картон кој го доби неговиот соиграч.

Капитенот на Уеска, Пулидо, реагираше на неговите бурни протести, по што Андрада го турна, а во тој момент веднаш му беше покажан втор жолт картон што значеше исклучување, тогоаш целосно ги загуби нервите истрча до противничкиот капитен и со тупаница го нокаутираше. Според официјалниот записник со ударот му нанел на Пулидо „хематом на левата јагодична коска“.

На редовниот неделен состанок оваа среда, Дисциплинската комисија ја донесе конечната одлука, Андрада доби максимални 12 натпревари суспензија за физички напад врз противник, плус уште еден натпревар казна поради вториот жолт картон на истиот меч.

Покрај казната од федерацијата, клубот реагираше експресно, Андрада е суспендиран од сите активности, со целосно замрзнување на платата, што практично значи и крај на неговата кариера во Сарагоса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×