Спортскиот
директор на Салцбург, Криштоф Фронд очекува гол-машината од напаѓач Ерлинг
Халанд во иднина да потпише за англискиот првак Ливерпул.
Халанд си замина
од Салцбург во јануари годинава и потпиша за Борусија Дортмунд по трансферот
вреден 20 милиони евра, а досега во дресот на Бундеслигашот на 27 настапи успеа
да запише 24 погодоци.
„Тој ќе замине
таму“ рече Фронд алудирајќи на трансфер на Халанд во Ливерпул.
„Халанд може да
игра било каде во светот, во било кој клуб, со неговиот менталитет, неговата
желба за работа и самодоверба во себе, тој ќе испише нови страници во
историјата на европскиот фудбал во идните десет години“ додаде тој, а подвлече и
како течеле преговорите со Борусија Дортмунд.
„Преговорите со
тој клуб беа мошне кратки, тие само не известија дека постигнале договор, а ние
како клуб немавме некое влијание во сето тоа, но, работата беше завршена сосема
коректно од обете страни, многу клубови беа заинтересирани, на крајот одлуката
ја донесе самиот фудбалер“ подвлече Фронд.