Реал Мадрид одигра нерешени 1-1 против Атлетико Мадрид во дербито на Ла Лига. Овој натпревар го одбележа по еден гол за двете екипи во двете полувремиња, а стрелци беа Хулиан Алварез и Килиан Мбапе.
Атлетико стигна до предност по еден спорен пенал, за кој навивачите на Реал Мадрид сметаат дека се сериозно оштетени. Орелиен Чуамени беше видно невнимателен и во обид да дојде до топка го згазна Самуел Лино.
Во прв момент немаше реакција од судијата, а потоа Цезар Сото Градо по долга проверка покажа на единаесет метри.