„Во Реал Мадрид никој не е загрижен за големата понуда на ПСЖ, Мбапе следната сезона ќе игра на Бернабеу“

by
1 минути читање

ПСЖ на Мбапе му достави мега понуда за двегодишен договор според кој напаѓачот за две години ќе заработи 200 милиони евра. Од кои 100 милиони евра ќе добие само за потпис, а по 50 милиони евра плата по сезона.

Многумина се прашуваат дали ПСЖ со оваа понуда може да го предомисли Мбапе и тој да се реши да остане во францускиот клуб.

Но, новинарот Жозеп Педрерол за „Ел Чирингито“ вели дека нема случај Мбапе, тој сигурно ќе игра за Реал Мадрид следната сезона.

„Нема случај Килијан Мбапе. Тој ќе игра за Реал Мадрид следната сезона. Во Реал Мадрид никој не е загрижен за понудите кои ги добива Мбапе“, вели Педрерол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×